Повеќе од 2.000 специјални мазива

Техничкиот напредок постојано оди напред, нашите муштерии развиваат нови технологии, настануваат нови индустрии и ништо од тоа не би било возможно без мазива. Ние во Klüber Lubrication го прифаќаме секој предизвик, кога станува збор за примени во полето на намалување на триењето и обезбедување заштита од абење.

Индивидуални решенија за секоја индустрија

Без разлика дали станува збор за машинското инжињерство, автомобилската, текстилната, прехранбената индустрија или ветерната енергија, на секоја индустрија ѝ се потребни мазива, кои точно ги исполнуваат барањата на браншата или на односниот производител или компанијата.

Klüber Lubrication нуди широк асортиман на специјални мазива за секоја ндустрија и секоја примена, меѓу кои: мазива сертифицирани со NSF H1 за прехранбената индустрија, мазива што лесно се отстрануваат за текстилната индустрија или термички стабилни мазива за индустриска преработка на дрво. Нашето модерно истражување и нашиот развој прави сè за да ги задоволи вашите барања.

► Дознајте повеќе

Компоненти со високи барања

Сите механички компоненти кои се под притисок бараат специјални мазива: топчести лежишта, менувачи, ланци, вентили, шрафови или линеарни водови. Мазивата не треба да ги исполнуваат само барањата на индивидуалните компоненти, туку и на оние од различните сегменти на нивната примена.

Па така, барањата за мазива за лежишта на вртење може екстремно да се разликуваат едни од други. Тие мора да бидат компатибилни со најразлични други материјали на лежиштата, како на пример челик, керамика, пластика. Еднаш треба да се водоотпорни, друг пат отпорни на високи или на ниски температури или соодветни за големи брзини или за големи товари. А, згора на тоа и да можат да се  комбинираат со барањата на различните индустриски сектори како на прехранбената, фармацевтската или на текстилната индустрија – овие барања ги исполнуваат специјалните мазива на Klüber Lubrication.

► Дознајте повеќе

Interested to learn more?

Please complete this form.